hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров најефикасен, Нант изненаден од Мотор Запорожје

Eo0wkEeXUAImtog

Нант - Мотор 31:32 (18:18)

Украинскиот претставник во Лигата на шампионите, Мотор Запорожје приреди големо изненадување, победувајќи го Нант среде Франција со 31-32, со многу умешна завршница. Ова е втора победа во последните три години за Мотор на теренот на Французиите.

По изедначениот почеток, со четири последователни гола, Нант дојде до водство од 8:4. До крајот на првиот дел Мотор успеа да се врати и на полувреме резултатот гласеше 18:18. Со израмнета и борбена игра започна и вториот дел, а гостите беа тие кои го бркаа резултатот. Сепак, во моментите кога се решаваше победникот поприсебни беа гостите и на крај заслужено славеа со минимални 31-32.

Во продолжението Нант имаше постојано еден или два гола предност до завршните минути, но Мотор уште еднаш направи кам-бек и стигна до голема победа. Нант имаше напад за израмнување и бод, но домашните не успеаја да погодат.

Кирил Лазаров заедно со Емерик Мин беа најефикасни за Нант со по шест погодоци, а четири постигна Валеро Ривера. Во победничкиот тим на Мотор, најмногу се истакна Бокан со седум гола.

Share