hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Победа од 20 разлика за Нант против Сесон Рен

nant - ren

Нант - Сесон Рен 41:21 (15:12)

Втора победа во неколку дена и враќање на победнички стази за ракометарите на Нант. И без Кирил Лазаров момците на Алберто Ентрериос одиграа одлична партија и го победија Сесон Рен со 41:21 (15:12). Нант шутираше со прецизност од 73% и погоди 41 од 56 удари кон противничкиот гол.

Емил Нилсен запиша 17 интервенции и бранеше 50% од ударите кон неговиот гол. Шпанецот Валеро Ривера беше најдобар стрелец во редовите на Нант со десет реализации, додека Рок Овничек запиша шест. Кај Сесон Рен, четири даде Салу, а еден помалку Барел.

Нант се наоѓа на четвртото место на табелата зад ПСЖ, Лимож и Монпеље.

Share