hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Поискусниот Пролет го совлада Голден Арт КЛ7 во драматичен финиш

Tineks-Golden-Art-KL7-1-of-1-3

Екипата на Голден Арт КЛ7 го претрпе петиот пораз оваа сезона во Суперлигата. Ако во првиот натпревар успеа да го совлада искусниот супелигаш Пролет, овој пат минимално загуби во рамноправен дуел кој на крајот пресуди домашното поголемо искуство.

Натпреварот започна со висока 6-0 одбрана, која се покажа како одлично и не дозволи противникот кој на овој натпревар беше засилен со црногорскиот репрезентативец Жарко Пејовиќ, од самиот старт да поведе со недостижна предност. Домаќините поведоа со 4:2, но брзо врати тимот на Бошковски со серија од 0:2 и израмнување 4:4. До крајот на првиот дел и двете екипи тешко доаѓаа до противничкиот гол, игра гол за гол, па на крајот домаќините заминаа со предност од 12:11.

Вториот дел продолжи играта гол за гол. Одличната одбрана на чело со голманот Петковски го одржуваше Голден Арт КЛ7 резултатски во игра. Неколку пати гостинот пропушти шанса за водство на натпреварот, на голот на Пролет 62 беше одличниот Петар Ангелов кој во клучните моменти успеа да собере шест интервенции од кои три седмерци. По што противникот во последните минути веќе дојде и до највисоките четири погодоци предност за победа од 23:20.

Во моментите кога се решаваше победникот се почувствува отсуството на капитенот Игор Ѓорѓиев кој минатата недела се здоби со повреда и не настапи на овој натпревар

РК Пролет 62 – Голден Арт КЛ 23:20 (12:11)

Голден Арт КЛ7: Џигероски, Стојков, Крстески 1, Цветаноски, Буторац 1, Гучески 2, Симоноски 4, Илиески 3, Димовски 1, Василевски, Петковски, Темелкоски 1, Ѓорговски 6, Јорданов, Стојковиќ, Гајиќ 1

Седмерци: 2/5
Исклучувања: 8 минути

Share