hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Убедлива победа на Голден Арт КЛ7 во Струмица

kl71

РК Астраион Хендбол – Голден Арт КЛ7 25:33 (11:14)

Младите момци на Голден Арт КЛ7 запишаа нова победа во Суперлигата откако вечерва на гостувањето во Струмица ја совладаа екипата на РК Астраион Хендбол со резултат 25:33.

Гостите натпреварот го започнаа како што посакуваа, со подвижна зона 6-0 и солидна поддршка од голманот Петковски. Одлично отворија, прво со водство од 1:3, потоа и со 2:7, а веќе во 15 минута имаа и високи 3:10. Во нападот Буторац и Гајиќ реализираа по неколку погодоци, па веќе во 23. минута предноста изнесуваше осум голови (5:13).

Гостите понесени од набрзина создадената разлика комплетно го променија ритамот, мислејќи дека натпреварот е завршен, а тоа многу добро го искористи противникот и до полувреме се врати во игра. Резултатот на одмор гласеше 11:14. Во вториот дел домаќинот се обиде комплетно да го сврти натпреварот, но немаше доволно сили за пресврт. Во последните десет минути со погодоци на Џигероски и Буторац, Голден Арт КЛ7 направи недостижни шест разлика и мирно го приведе натпреварот во мирна завршница.

Ова беше трета победа по ред, a прва на гостински терен, откако претходно на домашен терен ги совладаа екипите на РК Јуниор КВ и Пролет 62.

Голден Арт КЛ7:
Петковски, Петрески, Џигероски 4, Стојков 1, Крстески 1, Цветаноски 1, Гучески 1, Ѓоргиев 6, Симоноски 2, Илиески, Димовски, Темелкоски 2, Ѓорговски 1, Буторац 9, Гајиќ 5,

Исклучувања: 8 минути

Share