hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров непогрешлив, убедлива победа на Нант во Шамбери

lazarov vs chambery

Шамбери - Нант 26:35 (10:20)

Периодот на неубедливи партии, главно како последица на позитивните случаи на коронавирус се минато за ракометарите на Нант. Екипата на нашиот репрезентативен капитен, Кирил Лазаров оствари убедлива победа на гостувањето кај Шамбери во 8. коло од најсилната лига на Франција. Вицешампионот на ЦФранција извојува победа со 26:35, со водство во текот на сите 60 минути.

Шамбери парираше во почетните 20 минути, но финишот на првиот дел беше одлучувачки кога Нант обезбеди двоцифрена предност. Во вториот дел гостите одиграа рутински и освоија нови бодови.

Лазаров запиша пет погодоци од пет обиди од кои четири беа од седум метри. Поефикасни од капитенот на Македонија беа Тибо и Балагер со по шест погодоци. Кај Шамбери најефикасен беше Ришер со шест гола.

Со оваа победа Нант се искачи на третата позиција на табелата во домашниот шампионат со девет бода, седум помалку од перфекниот ПСЖ, но тимот на Лазаров има два натпревари помалку.

Share