Одложен натпреварот Нант - ППД Загреб
Европската ракометна федерација (ЕХФ) го прифати барањето на ППД Загреб и донесе одлука натпреварот кој требаше да се игра во Франција, во четврток на 29 октомври да биде одложен.
Овој натпревар нема да се игра откако екипата од Хрватска пријави позитивните случаи на коронавирус во нивните редови. Од тимот побараа терминот за одигрување на мечот да биде променет и добија позитивен одговор од Европската ракометна федерација.
Тимот на Нант, во чии редови настапува Кирил Лазаров им соопшти на фановите дека сите купени влезници ќе важат и за денот кога ќе биде презакажан овој натпревар. Нант сега ќе се насочи кон дуелот против Кретеј в недела ворамките на домашното првенство.