hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Нант парираше до 50. минута, но Барса со моќен финиш ги однесе бодовите

kire barca nant2020

Нант - Барселона 27:35 (15:18)

Во допадлив натпревар, во кој двете екипи играа подобро во напад, отколку во одбрана, Барселона во Франција го совлада Нант со 27:35 (15:18) и остана перфектна во Б групата на Лигата на шампионите. Нант имаше свои добри периоди, но моќниот тим на Чави Пасквал ја покажа моќта на подолгата клупа и акумулираното искуство.

Барса имаше контрола врз резултатот, но Нант беше на чекор до пресврт допетнаесетина минути до крајот. При 20:21 гостите се одлепија на +7 и впишаа значајна победа.

Дика Мем со шест гола беше најефикасниот, додека Фабрегас и Палмарсон по четири пати погодија во противничката мрежа. Кај Нант, Овничек запиша пет гола, а по четири постигнаа Лазаров, Пехмалбек и Ривера.

Во оваа група Кил според сите очекувања лесно мина на гости кај Целје Пивоварна Лашко, победувајќи со 24:35.

Share