hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров и Лигата на шампионите е дводецениска љубов која сè уште трае

ResourceImage

Новата сезона во ракометната Лига на шампиони е дефинирана, познати се сите 16 учесници и по новиот систем наесен се очекува нов почеток. По една сезона мината во ЕХФ Купот, најдобриот македонски ракометар, Кирил Лазаров се враќа во елитниот европски Куп – натпреварување во кое е апсолутен рекордер по бројот на сезони, настапи, голови.

Лазаров ќе ја почне својата 20-та сезона во Купот или Лигата на шампионите, ако не се сметаат квалификациите. Нант доби покана од Европската ракометна федерација и на први јули ја очекува ждрепката и своите ривали за една од двете групи. Нашиот најдобар ракометар дебитираше во Купот на шампионите за Борец од Велес во есента 1995 година. Следеше премин во Битола и прв настап во елитата во сезоната 1998/99. Со мали исклучоци оттогаш редовно настапува во ова натпреварување. Се редат сезони со Загреб, пет по ред со Веспрем, па пак три со Загреб се до преминот во Шпанија. Во дресот на Реновалиа Сиудад Реал (Атлетико Мадрид), Лазаров три сезони игра во Лигата на шампионите, па следат уште четири за Барселона. Преминот во Франција не значеше прекин на серијата, туку две сезони по ред во Лигата на шампионите. Сега, по една година пауза, Лазаров со Нант пак ќе игра за европската титула.

Македонскиот ракометар се наоѓа убедливо на првото место на вечната листа најдобри стрелци во европската ракометна Лига на шампионите со 1.332 голови. Само уште еден играч досега успеа да ја надмине границата од 1.000 погодоци, тоа е францускиот ракометар Никола Карабатиќ (член на Барса, 2013-2015) со 1.074 голови на втората позиција.

Третопласиран е Србинот Момир Илиќ (Веспрем) со 969 голови, а на четвртото место е играчот на актуелниот македонски, регионален и европски шампион Вардар, Русинот Тимур Дибиров со 884 погодоци.

На петтата позиција е српскиот десен бек Марко Вујин (Спортинг Лисабон) со 841 гол, а само три помалку има Белорусинот Сергеј Рутенка (член на Барса, 2009-2015). Најдобар стрелец во сезоната Лазаров беше со Веспрем во сезоната 2005/06 (95 гола) и во дресот на Загреб во сезоната 2007/08 (96 гола).

Лигата на шампионите ја освои со Барселона, а играше финале и со Сиудад Реал, Атлетико Мадрид и Нант.

Share