hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Гајиќ и Василевски нови членови на Голден Арт КЛ7

kl7zasiluvanja

Виктор Василевски и Глигор Гајиќ се новите имиња кои од следната сезона ќе ги бранат боите на најмладиот ракометен клуб во Македонија, Голден Арт КЛ7.

Овие младински репрезентативци, кои имаат и суперлигашко искуство, доаѓаат од редовите на Металург, кој години наназад продуцира млади домашни играчи. Концептот на клубoт на Кире Лазаров е во создавање, напредок и развој на младите како ракометари и здрави личности во целост се совпаѓа со концептот на Металург со крајна цел и мисија за унапредување на македонскиот ракомет и подобрување на квалитетот на домашното првенство.

Комплетирањето на екипата со Василевски и Гајиќ, кои настапија и на последното Светско кадетско првенство, ќе овозможи стручниот штаб да има оптимален број на играчи и ќе ја зголеми конкурентноста на нивните позиции. Поширокиот ростер ќе допринесе подобар квалитет со оглед на новите предизвици кои стојат пред Голден Арт КЛ7 како дебитант во Суперлигата.

Share