Македонија во група со светскиот првак во квалификациите за ЕП
Македонија ќе игра против Данска, Швајцарија и Финска во квалификациите за Европското првенство во 2022 година.
Светскиот првак Данска е убедливо најсилната селекција во нашата група, таа е актуелниот владетел во светот на ракометот. Швајцарија е една од најквалитетните што можевме да ги добиеме од третиот шешир, додека Финска ќе биде аутсајдерот меѓу овие четири репрезентации.
Првите две селекции од осумте квалификациски групи одат директно на Европското првенство, таму ќе се пласираат и најдобрите четири третопласирани репрезентации.
ГРУПА 1: Франција, Србија , Белгија, Грција.
ГРУПА 2: Германија, Австрија, БиХ, Естонија.
ГРУПА 3: Чешка, Русија, Украина, Фарски Острови.
ГРУПА 4: Исланд, Португалија, Литванија, Израел.
ГРУПА 5: Словенија, Холандија, Полска, Турција.
ГРУПА 6: Норвешка, Белорусија, Летонија, Италија.
ГРУПА 7: Данска, МАКЕДОНИЈА, Швајцарија, Финска.
ГРУПА 8: Шведска, Црна Гора, Романија, Косово
Термини за квалификациите:
Прво коло: 4-5 ноември 2020 година
Второ коло: 7-8 ноември 2020 година
Трето коло: 10-11 март 2021 година
Четврто коло: 13-14 март 2021 година
Петто коло: 28-29 април 2021 година
Шесто коло: 2 мај 2021 година