hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров по подолго време играше во ЕХФ Купот и го потопи шпански Адемар Леон

EQWYhkeXkAA M M

Нант - Адемар Леон 32:26 (17:16)

По повеќе од две децении еден од најдобрите ракометари во историјата, Кирил Лазаров повторно заигра во ЕХФ Купот и тоа го стори со стил. Ракометарите на Нант со победа над Адемар Леон од 34:28 на домашен терен, ја отворија главната рунда на ЕХФ Купот. Гостите од Шпанија поведоа единствено на стартот, но брзо Нант започна да доминира и предноста полека почна да расте. Со гол на истекот на последната минута Адемар Леон намали на 17:16, најавувајќи рамноправен и неизвесен дуел.

Нант и во вториот дел покажа дека е подобар ривал и ја врати предноста. Погодуваше Ривера, потпомогнат од Мине и Лазаров и предноста на Нант порасна дури на осум гола. Финалните 34:28 покажуваат дека францускиот тим е еден од најсериозните кандидати за титулата во ова натпреварување.

Валеро Ривера со девет погодоци се истакна кај Нант, седум постигна Емерик Мине, а шест запиша Кирил Лазаров. Во противничкиот табор по четири пати одличен натпревар одиграа Фернандез и Марчан. Натпреварот одлично го водеа македонските судии Митревски и Тодоровски.

Во вториот натпревар од првото коло од групата Ц, Магдебург го совлада Горење со 32:26.

Share