hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Нант ја доби драмата со Екс и скокна до второто место

lazarov so eks

Нант - Екс Провенс 25:24 (10:13)

Продолжуваат драматичните завршници и минималните победи на ракометарите на Нант во последните два месеци од годината. Во последниот натпревар од 12. коло на шампионатот на Франција, Нант го победи Екс Прованс со 25:24 со многу подобро второ, отколку прво полувреме.

Нант поведе со 3:1 и до 15. минута успешно се одршуваше во предност. Следуваше реакција на одбраната на Екс што им донесе пресврт и на одмор гостите заминаа со предност до 10:13. Димулан застана на голот на Нант и донесе пресврт. Во неизнесна завршница, Лазаров со клучна асистенција донесе предноста, а Екс имаше напад да стигне до реми, но голманот на Нант успеа да одбрани и да донесе нова победа за својот тим.

Лазаров постигна два гола на натпреварот, а најефикасен кај Нант беше Емерик Мине со шест погодоци. Нант сега има 18 бода, исто колку и Ним и Монпелје, кои се веднаш зад водечкиот ПСЖ, кој собра 24 бода.

Share