hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Нова победа на КЛ7, убедливо совлада екипата на Јехона

kl7-jehona-noemvri-2019-1-36

Младите ракометари на КЛ7 дојдоа до својата осма победа во деветото коло од Првата ракометна лига. Овој пат младата екипа ја совлада екипата на Јехона со резултат 38:27 (22:12) и се наоѓа на чекор до пласман во плеј-оф натпреварувањето.

Натпреварот започна израмнето со игра гол за гол, се до 10. минута, кога екипата на КЛ7 постигна неколку брзи погодоци и прво дојде до водство од 6:4, а потоа со серија од 4:0 и до 10:4. До крајот на првото полувреме предноста се зголеми на десет погодоци разлика и КЛ7 замина со водство од 22:12.

Во вториот дел тренерот Бошковски им даде шанса и помладите кадети кои одлично се носеа со повозрасната екипата на Јехона па натпреварот го завршија со конечни 38:27.

КЛ7 – Јехона 38:27 (22:12)

КЛ7: Петрески, Трајкоски, Стојков 7, Крстески, Миленков 3, Даев 1, Ѓоргиев 2, Каковски 2, Симоноски 1, Џигероски 1, Ерманоски, Илиески 4, Павлов 2, Мартин Димовски 8, Гучески 7.

Седмерци: 1/3
Исклучувања: 16 минути

Во следното коло КЛ7 ќе се сретне со екипата на РК Аеродром.

Share