Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров се најде во идеалниот тим на 11. коло на францускиот шампионат. По победоносниот гол, шесте погодоци и комплетната партија на теренот на Шамбери, Лазаров го заслужи местото меѓу седумте најдобри во колото.
Идеален тим на 11. коло:
Голман: Арно Табаранд (Истр)
Десно крило: Мохамед Санад (Ним)
Десен бек: Кирил Лазаров (Нант)
Среден бек: О Брајан Нијату (Ним)
Лев бек: Микел Хансен (ПСЖ)
Лево крило: Килиан Вилемино (Монпелје)
Кружен напаѓач: Николас Турна (Нант)
Дефанзивец: Реми Левантуа (Тулуз)