hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров го одведе Нант во групната фаза на ЕХФ Купот

nant ehf

Арендал - Нант 30:30 (16:16)

Една од екипите со највисок рејтинг во ЕХФ Купот, француски Нант, благодарение на македонскиот репрезентативен капитен Кирил Лазаров се избори за место во групната фаза на второто по ранг натпреварување на Европската ракометна федерација. Нант вечерва одигра 30:30 (16:16) кај норвешкиот Арендал во третото квалификациско коло од ЕХФ Купот, па минималната победа во Франција беше доволно за пласман меѓу елитата во натпреварувањето.

Како и во Франција, така и во Норвешка се играше неизвесно прво полувреме, па дури во продолжението падна одлуката.
Нашиот ас со неколку гола во серија му донесе предност од четири голови на Нант (22:26) и потоа беше полесно да се приведе натпреварот кон крај. До крајот домаќинот успеа да израмни, но тоа не беше доволно за место во групите.

Лазаров беше лидер на екипата и најдобар стрелец, па ќе продолжи да го „лови" трофејот кој му недостига во колекцијата. Кирил Лазаров заврши со шест постигнати гола во мрежата на противникот и беше пред Ривера кој заврши со четири погодока. Кај Норвежаните, најдобар беше Паулсен со шест гола, а Линдел заврши со пет погодоци.

Ждрепката за групната фаза од ЕХФ Купот закажана е за в четврток.

Share