hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Нант пресилен за Истр, положен тестот пред клучниот дуел во Норвешка

nant - istri

Нант - Истр 29:26 (18:12)

Ракометарите на Нант ја запишаа третата победа во седум дена, откако по третпат се радуваа на триумф пред своите гледачи. По победата над Иври во домашниот шампионат пред една недела и тесниот триумф над норвешкиот Арендал во третото коло на ЕХФ Купот, вечерва Нант запиша нови домашни бодови.

Екипата на капитенот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров, 10. коло од францускиот шампионат го отвори со триумф над Истр со 29:26(18:12). Прашањето на победникот на вечерашниот меч беше решено уште по првите 30 минути, во кои Нант доминираше во секој сегмент и се одлепи на шест гола позитива. Во вториот дел темпото на игра спласна и гостинот успеа само да го ублажи поразот на три гола негатива

Лазаров постигне само еден погодок, прв стрелец во победничкиот табор беше Ривера Валеро со шест погодоци. Ова беше успешен тест за Нант пред реваншот од ЕХФ Купот против норвешкиот Арендал.

Share