hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Перфектен викенд: Победи на сите екипи на КЛ7

kl7-prespa-noemvri-2019-1-15

Зад нас е успешен викенд за сите возрасни категории на КЛ7. Победи забележаа и сениорската и младинската и кадетската екипата на КЛ7.

Младинци: КЛ 7 - Вардар 34-24 (24-11)

Младинската екипа забележа убедлива победа над Вардар со 34-24.

Уште од почетокот КЛ7 стартуваше силно и за брзо време стекна предност од 6-2. Противник се обиде со игра седум на шест со што голманот на КЛ7, Богдановски успеа да реализира од својата половина дури трипати. Предноста продолжи да расте во текот на првиот дел до максимални 13 погодоци (21-8), а после 30 минути игра резултатот гласаше 24-11. Во вториот дел следеше мало опуштање со што противникот намали на 28-20, но на крајот ја вративме двоцифрената предност и конечениот резултат беше 34-24. Гучески со девет и Симоноски со пет гола беа најефикасни во тимот на КЛ7.

Кадети: КЛ7 - Металург 25-24 (15-12)

Победа извојува и кадетската екипа, која во драматичен дуел го совлада Металург со 25-24 (15-12) и се зацврсти на врвот на табелата. Натпреварот одлично го отвори екипата на КЛ7, во одбрана не дозволи да прими гол осум минути, а на другата страна постигна четири погодоци. Гостите се вратија во игра со серија од 2-0, но КЛ7 брзо ја врати предноста од четири погодоци неколку минути подоцна (9-5). На полувреме предноста на КЛ 7 изнесуваше три гола предност (15-12).

Во 42 минута ракометарите на КЛ7 ги имаа и највисоките шест погодоци разлика (22-16). Екипата на Металург се врати во игра со серија од 4-0, па во последните десет минути од натпреварот се влезе во возбудлива и неизвесна завршница. Металург дојде на само еден погодок негатива и неколку пати пропушти шанса за израмнување. Последниот напад им припадна на ракометарите на КЛ7, одлично го одиграа, со што ја обезбедија и петтата победа во низа. Трајковски со девет и Димовски со шест погодоци беа најефикасни во победничкиот табор. Со оваа победа екипата на КЛ7 се наоѓа на првото место со три бодови повеќе од второпласираниот Металург.

Сениори: КЛ7 - Преспа 31-21 (15-9)

Вчера сениорската екипа ја забележа петтата победа во Првата лига, откако ја совладав екипата на Преспа 2015 со 31-21 (15-9) за нови три бодови.

Натпреварот започна со водство на екипата од Ресен, но за брзо време фаворитот дојде до водство од 2-4 и не дозволи до крајот на натпреварот противникот да се приближи резултатски. Во 22. минута беше 6:13, а на крајот од првиот дел резултатот гласеше 9-15. Вториот дел продолжи во истиот ритам, како одминуваше времето, предноста растеше се до 54. минута кога разликата беше најголема (16-31). Но на крајот ресенчани направија серија од 5-0 и го финишираа натпреварот со конечни 21-31.

Стојков со десет и Симоновски со осум гола беа најефикасни на натпреварот.

Share