hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Нант им се врати на победите, совладан Иври за 6 триумф во шампионатот

EJRz1nsXsAA3tjc

Иври - Нант 26:32 (15:17)

Поразите се минато, Нант пак е во победнички колосек. Во дуел од деветтото коло на францускиот шампионат, Нант запиша гостинска победа против Иври со шест разлика со авторитетно водство и менаџирање на истото во текот на целиот натпревар, посебно во вториот дел.

Тулуз и Ним се минато и тимот на капитенот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров, впиша значајни бодови. До шестата победа во шампионатот, екипата на Ентрериос стигна со одлично отворање на вториот дел и предност која Иври никогаш не ја достигна.

Лазаров постигна три гола, а Валеро Ривера со осум и Николас Турна со шест погодоци беа најдобри стрелци во победничкиот табор. Вилсон Дејвис со седум гола беше најефикасен кај Иври, а седум погодоци постигна и Линус Персон.

ПСЖ е лидер со 16 бода, а Нант е во групата на тимови кои заостануваат од второто до седмото место.

Share