hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Нант во драматичен финиш загуби во Ним

EIy2LpOXsAANsKb

Ним - Нант 26:25 (12:15)

Во драматичен дуел со кој беше затворено осмото коло на францускиот шампионат, Нант загуби на гостувањето во Ним со 26:25 (12:15). Ова е втор последователен пораз за Нант, кој пред ЕХФ неделата неочекувано беше поразен од Тулуз на домашен терен. Со три порази после осум одиграни кола, Нант значително падна на табелата и заостанува два бода помалку од второпласираниот Монпеље.

Натпреварот започна израмнето, а Нант диктираше темпо во првиот дел. Моментот на одлука стигна во 58. минута кога Николас Нието го постигна голот за победа на домаќините од 26:25. Иако имаа уште две шанси, ракометарите на Нант не успеаја да израмнат и натпреварот заврши со домашна радост.

Македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров постигна пет гола, најдобар стрелец кај поразениот тим беше Мине Ајмерик со шест гола, а Валеро Ривера постигна четири погодоци. Гигу и Пранди со по шест гола беа најистакнати поединци во тимот на Ним.

ПСЖ е лидер со 14 бода и в сабота треба да го одигра натпреварот против Аикс на домашен терен. Нант и Ним со по десет бода се соседи на табелата на петтото и шестото место.

Share