hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Поповски со звукот на сирената донесе втора победа на Македонија против Грузија

mak-rakomet-makedonija-gruzija-26102019-9921

Македонија - Грузија 29:28 (17:14)

Во вториот пријателски натпревар во два дена Македонија ја забележа втората победа над Грузија. Исходот е очекуван, но до него се дојде потешко отколку што се претпоставуваше, па со голот на Поповски со звукот на сирената славевме со 29:28.

Почетокот беше за Македонија, а тука главната улога ја имаше Филип Талески кој одлично го отвори натпреварот. Грузијците со четири гола во серија во финишот од првиот дел се вратија во игра за подобар резултат, но на одмор Македонија имаше водство од 17:14.

Следеше израмнет втор дел, а во последниот напад Арсеновски изнуди пенал кој успешно го реализираше Мартин Поповски и на 33 секунди до крајот донесе водство на Македонија од 28:27. Шкровебадзе израмни на 28-28, а Поповски со звукот на сирената успеа да донесе победа на Македонија од 29:28.

Најдобар во триумфот беше Филип Талески со седум гола, а јунакот Поповски постигна шест гола, додека трет стрелец беше Димитриоски со пет гола. Томовски запиша девет одбрани, додека Кизиќ заврши со четири интервенции.

Селекторот Брестовац го остави Кирил Лазаров на клупата давајќи им шанса на помладите ракометари.

 

 

ФОТО: Филип Вирановски
www.gol.mk

Share