hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Реми и победа на подмладената Македонија на тестовите во Ескишехир

Жарко-Пешевски

Македонија – Италија 26:26 (12:12)

Македонија: Томовски, Кизиќ, Велковски 1, Димитриоски 2, Костески 1, Танкоски 4, Крстевски, Кукуловски, Поповски 8, Младеновиќ, Пешевски 4, Јагуриновски 1, Маџовски 1, Димитриевски, Мишевски 3 и Арсеновски

На пријателска средба во Турција, нашата подмладена репрезентација одигра само нерешено со селекцијата на Италија, 26:26 (12:12). Се играше израмнето, најчесто гол за гол, но токму Италија беше селекцијата што во првото полувреме водеше со 1:4, а во второто и со максимални +5, во 43. минута (17:22). Израмнувачкиот гол го постигна Мартин Поповски од линијата за седум метри.

Најпрецизен овој пат беше Поповски со осум постигнати голови.

Турција - Македонија 23:26 (11:15)

Македонија во Турција отпатува во комбиниран и силно подмладен состав, но тоа не се одрази на квалитетот. Нашата селекција победи со резултат 26:23 (15:11), во натпревар во кој во текот на сите 60 минути имавме комплетна контрола врз играта и резултатот. Нашата селекција средбата ја почна со водство од 3:0 и таа разлика константно ја одржуваше во текот на првото полувреме. Во првото полувреме имавме и максимални +4, со кои и заврши овој прв дел од мечот.

Во второто полувреме имавме и максимални +6, 20:14 во 41. минута, а истата разлика ја имавме и при 22:16. Победата на Македонија, изразена со три гола разлика е сосема заслужена.

Најпрецизен во нашите редови беше Жарко Пешевски, кој постигна осум гола.

Share