hummel Logo 160

Forza logo za Sport Life

skolo logo fb

logo-kmg

LIVESCORE.in
OFF

Тулуз со цел плен се враќа од гостувањето во Нант

EHBli3LXYAEVCUW

Нант - Тулуз 26:34 (13:18)

Ракометарите на Нант го претрпеа вториот пораз во новата сезона на францускиот шампионат. Во рамките на седмото коло
Тулуз неочекувано го однесе целиот плен од Нант, победувајќи со 26:34. Натпреварот беше израмнет само во првите 15-тина минути. Потоа, гостите од Тулуз поврзаа серија од 4:0 и на одмор заминаа со +5.

Тренерот Алберто Ентрериос никако не можеше да го фати ритамот на екипата и наместо реакција, на почетокот од вториот дел Тулуз уште повеќе се одлепи. Во 45. минута предноста на Тулуз достигна десет гола и победникот беше решен. На крајот Тулуз без многу драма го приведе натпреварот кон крај и запиша голема победа.

Најефикасен во Нант беше Николас Турна со седум гола, а Кирил Лазаров беше стрелец на еден гол. Во победничкиот состав на Тулуз најдобар стрелец беше Лук Стеинс со девет погодоци.

Со победата на теренот на Иври, шампионот ПСЖ останува лидер и единствена екипа со максимален учинок - седум натпревари и седум победи.