hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Голема победа за КЛ7 на дербито во Богданци

KL7-bogdantsi-oktomvri-2019-1-2

Во дерби натпреварот од четвртото коло од Првата лига, ракометарите на КЛ7 ја остварија четвртатата победа, откако со полн плен се вратија од „жешкиот" терен во Богданци против досега несовладаната екипа на Младост Богданци.

Гостите одлично го отворија натпреварот, од почетокот ја имаа контролата на теренот, па веќе во 15. минута дојдоа до предност од 4-6. За брзо време предноста порасна до четири голови разлика (5-9). Домаќините ја вратија разликата на само еден погодок,, но до крајот на првиот дел следеше серија на КЛ7 и предност од 9-14 на полувреме.

Вториот дел започна со максимална предност од шест погодоци за КЛ7 (10-16). Но, искусниот тим на Младост Богданци пред крајот на натпреварот издејствува неизвесна завршница. Домаќини направија комлетен резултатски пресврт и во 53. минута за првпат на натпреварот поведоа со 19-18. Сепак, ракометарите на КЛ7 одлично се снајдоа во завршницата, направија серија од 0-4 и поведоа со 19-22. Крајниот резултат гласеше 20-23 во корист КЛ7.

Младост Богданци – КЛ7 20-23 (9-14)

КЛ7: Џигероски, Трајкоски, Стојков 6, Крстески, Цветаноски 3, Даев, Ѓоргиев 2, Каковски 4, Петрески, Симоноски 3, Василевски, Павлов, Димовски, Гучески 5, Јорданов, Мирчевски

Седмерци: 3/5
Исклучувања: 4 минути

Share