КЛ7 го доби дербито со Аеродром и остана максимален на врвот на Првата лига
Вчера се одигра третото коло од Првата лига во ракомет, а по двете гостувања, ракометарите на КЛ7 за првпат ја имаа улогата на домаќин во спортската сала на ОУ „Круме Кепески" во Кисела Вода и тоа пред полни трибини. Во дерби дуелот со, до вчера непоразениот Аеродром, КЛ7 извојува победа од 34:25 (16:9).
Натпреварот започна со силно темпо и за брзо време домаќинот оствари водство од шест погодоци разлика (7:1). Добрата игра во одбрана успеа да го задржи гостинот на само четири погодоци за 22 минути игра и максимални 11 погодоци разлика (15:4). Потоа следеше опуштање и Аеродром направи серија од 1-5 и намали на 16-9.
Во вториот дел немаше резултатско приближување, предноста до самиот крај на натпреварот ја контролираа ракометарите на КЛ7 за конечни 34:25 и трета победа.
КЛ7 – Аеродром 34:25 16:9
КЛ7: Богдановски, Џигеровски 1, Трајковски, Стојков 11, Крстевски 1, Цветаноски, Ѓоргиев 6, Петрески, Каковски 2, Симоноски 6, Даев 1, Илиески, Павлов, Димовски, Гучески 6, Мирчевски
Седмерци: 3/3
Исклучувања: 6 минути
Во следното коло екипата на КЛ7 гостува во Богданци кај непоразениот Младост Богданци кој исто како и нас има три победи од толку натпревар.