Блесок на Лазаров, Нант ја наполни мрежата на Трембле
Нант - Трембле 39:20 (20:11)
Нант продолжува со одличните партии во најсилната лига на Франција. Вечерва во рамките на петтото коло падна Трембле со 39:20, а блескаше македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров. Тој беше најефикасниот играч со девет погодоци, а имаше и висок процент на реализација со оглед на тоа што кон голот на Трембле упати вкупно 11 удари.
По него следеше Валеро Ривера со осум гола, а одличен беше и голманот Нилсен со 22 одбрани. Кај Трембле, Боргес даде четири погодока. За Нант ова беше четврта победа во пет кола во францускиот шампионат и тимот се наоѓа на второто место на табелата, веднаш зад лидерот ПСЖ.
Во чекор со Нант е и Монпелје кој исто така има еден пораз, па двете екипи имаат по осум бода.