hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Нант пак победува, совладан Сант Рафаел во дербито од третото коло

lazarov so st rafael

Во последниот натпревар од третото коло на францускиот шампионат, Нант извојува победа против Сант Рафаел со 28:22 (13:13) и им се врати на победите по поразот на теренот на ПСЖ во второто коло.

Првиот дел беше целосно израмнет, ниту една од двете екипи не се наметна, а имаше и чести израмнувања. Со 13:13 се замина на одмор, а нападите преовладуваа пред одбраните.

Асистенциите на Лазаров и головите на Турна и Мин донесоа +4 за екипата на Алберто Ентрериос во почетната фаза на второто полувреме.

Во следното четврто коло екипата на нашиот репрезентативен капитен гостува кај новајлијата Шартр. Гајдученко и репрезентативното крило Сошето го враќаа Сант Рафаел, но поквалитетниот домаќин одолеваше на нападите. Без драматика Нант издвојува победа од 25:22 и ги оправда предвидувањата пред почетокот на натпреварот.

Најефикасни во тимот на Нант беа Турна со шест, Ривера со пет, Мин со четири и Лазаров со три гола, а кај Сант Рафаел се истакнаа Јилденбанк и Сошето со по четири погодоци. ПСЖ е единствена екипа со максимални три победи, а Нант е во групата на тимови со две победи и еден пораз (баш од ПСЖ).

Share