hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Почеток на сезоната со победа за Нант и Кирил Лазаров

70363394 2437899736257155 1839422252496453632 n

Нант - Данкерк 29:24 (14:11)

Започна новата сезона во францускиот ракометен шампионат, а трите најдобри екипи иззвојуваа победи во првото коло. Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров имаше успешен старт во новата сезона во Франција.

Нант на домашен терен успеа да го совлада Данкерк (29:24), а блескава партија имаше голманот Нилсен со дури 15 одбрани. Кирил Лазаров на овој меч доби минутажа и запиша два гола од вкупно шест обида. Кај Нант на мечот најдобар беше Ривера со девет гола, додека кај Данкерк, Буто постигна пет погодока.

Во останатите натпревари од првото коло на францускиот шампионат, ПСЖ го победи Истр со 25:35, а Монпелје беше убедлив против Кретеј со 36:25.

Share