hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

У17 тимот на КЛ7 ќе учествува на силен турнир во Бања Лука

kl7 kadeti

Македонскиот ракометен клуб КЛ7 со својата кадетска екипа, ракометари до 17 години, ќе ја претставува нашата земја на Интернационалниот турнир во Бања Лука. Кадетите на КЛ7 ќе се надигруваат во силна конкуренција, а за младите момчиња тоа ќе биде драгоцено искуство.

КЛ7 е сместен во група со Црвена Звезда, Загреб, Металопастика и Вировитица. Во другата група се Борац, Војводина, Максимир Паштела, Веспрем и Скуру. Младите ракометари ќе одиграат најмалку по пет натпревари на високо ниво, што е од голема корист за нив.

Победниците на групите ќе играат во финалето, а останатите ќе разигруваат за пласман.

Share