hummel Logo 160

Forza logo za Sport Life

skolo logo fb

logo-kmg

LIVESCORE.in
OFF

Нант ги заврши подготовките, дебитира во шампионатот против Данкерк

kire turnir strazbur

Ракометарите на Нант со одигрувањето на деветтиот натпревар во 20 дена ги завршија подготовките за новата натпреварувачка сезона во Франција. Екипата на нашиот репрезентативец Кирил Лазаров се соочува со нов предизвик во францускиот шампионат, овој пат со Алберто Ентрериос на клупата,

Последните два натпревари против ПИК Сегед и Чеховски Медведи се единствени кои Нант ги загуби. Вчера попладне рускиот првак беше подобар со 35-36, а Лазаров постигна четири гола.

Претходно, Нант мина одлично на турнирите и пријателските натпревари низ Германија и Франција.

Првото коло се игра на 4 и 5 септември, а прв противник на Нант е финалистот на Купот, Данкерк. Со оглед на тоа што оваа сезона Нант не игра во Лигата на шампионите, фокусот ќе биде ставен врз домашниот шампионат, а само еден филтер ги дели Лазаров и другарите од групната фаза на ЕХФ Купот.

Титулата во францускиот шампионат ја брани ПСЖ, а сезоната ќе биде отворена со Суперкуп натпревар на првакот и победникот на националниот Куп.