hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Нант го надигра Адемар Леон на турнирот во Португалија

nant - ademar

Петти натпревар и петта победа на ракометарите на Нант во подготвителниот период. Екипата на Алберто Ентрериос на турнирот во Португалија го совладаa шпанскиот клуб Адемар Леон со 32-27 (19-18). Во текот на сите 60 минути французите играа авторитетно и покажаа дека добро се прилагодуваат на новиот тренер.

Турна со седум гола беше најефикасен поединец во тимот на Нант, Ниокас придодаде уште пет, а четири гола запиша и нашиот Кирил Лазаров. Сите новајлии добија шанса и стручниот штаб се стекна со можност да ги провери механизмите на новиот Нант.

Денес во 15:30 часот екипата на нашиот Лазаров се среќава со португалскиот Порто.

Share