hummel Logo 160

Forza logo za Sport Life

skolo logo fb

logo-kmg

LIVESCORE.in
OFF

Виена е новиот дом на „Фалангата“, билетите пуштени во продажба

viena salA

Македонија ја доби посакуваната Виена за настап во групната фаза на ЕП 2020. Натпреварите ќе се играат во Арената „Виенер Штадхале", која има капацитет од 12.000 места и која нуди влезници по прифатливи цени и за нашите навивачи.

Групната фаза ќе може да се следи по цена од 29 евра за две средби (дневна), додека во втората рунда цените ќе бидат 39 евра.

Близината на Виена гарантира дека илјадници Македонци ќе ја бодрат нашата национална гордост во мечевите со Украина, Чешка и со Австрија во групната фаза.

Оваа сала беше домаќин на многу спортски настани, меѓу кои и Европското првенство во атлетика во сала во 1970 година, Европското првенство во пливање на кратки патеки во 2004 година, Европското првенство во ракомет во 2010 година, како и Европското првенство во одбојка во 2015 година.

Украина, Чешка и Австрија се наши противници во групата Б на Европското првенство.