hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Кирил Лазаров трет стрелец во евро-квалификациите

lazarov naj strelec

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров е нашиот најдобар стрелец во шестте одиграни натпревари од квалификациите за ЕУРО 2020. Ѕвездата на Нант постигна 43 погодоци и се класифицира на третото коло во сите квалификациони групи во Европа.

Лазаров така ја продолжи низата и континуитетот, а веќе зад себе има признанија прв стрелец во квалификациите, на завршниот турнир на Европско или Светско првенство.

Најдобар стрелец е бекот на Швајцарија, Андре Шмид со 54 погодоци, а второпласиран е италијанскиот репрезентативец Деан Турковиќ со 44 гола.

Филип Талески постигна 29 погодоци во шест квалификациони натпревари, а Гоце Георгиевски циклусот го заврши со 23 гола.

Share