hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Македонија ја надигра Грција за прво место во групата

ehf-euro-2020-rakomet-kvalifikacii-makedonija-grcija-16062019-0881

Македонија ја оствари целта, ја победи Грција со 27:23 и го освои првото место во квалификациската група. Условите во салата во Струмица не беа идеални за игра, беше топло и спарно, но навивачите создаваа одлична атмосфера која им даваше поддршка на ракометарите кои мечот го почнаа бавно.

Носени од одличниот Буковинас, Грците почнаа подобро и поведоа со 1:3, па и со 2:4 по седум минути игра. Кузмановски најдобро почна во нападот од нашиот национален тим, а капитенот Лазаров намали на 3-4 со дијагонала во осмата минута. Брестовац повика тајмаут за да ги коригира пропустите. Никола Митревски го замени Борко Ристовски мегу стативите, па во 23. минута првпат изедначивме, на 9:9. До крајот на полувремето го презедовме водството и на пауза заминавме со 13:11.

Играта во одбрана ни понуди лесни голови на Танкоски и Георгиевски за +4 на почетокот од второто полувреме. Лазаров реализира два седмерци, нашата игра доби на течност и на средина од второто полувреме резултатот гласеше 19-17.

Иако далеку од своето најдобро издание, нашата репрезентација, водена од Митревски меѓу стативите, првпат дојде до +5 по реализацијата на Маџовски во 49. минута (22:17). Брестовац со тајм-аут ја пресече грчката серија и без треперење го добивме натпреварот со 27:23.

Најдобар стрелец беше капитенот Кирил Лазаров со шест голови, Пешевски и Талески постигнаа по пет погодоци. Никола Митревски имаше 11 одбрани.

Македонија квалификациите ги заврши на првото место со четири победи, едно реми и еден пораз.

 

 

ФОТО: Филип Вирановски
www.gol.mk

Share