hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Македонија победи во Ескишехир и слави петто Европско првенство по ред

mkd tur

Турција – Македонија 25:26 (13:11)

Македонската ракометна репрезентација со тешка победа во Ескишехир против Турција со 25:26 (13:11) се квалификува на Европското првенство во Австрија, Шведска и Норвешка следната година.

Нашите момци одлично почнаа и преку капитенот Лазаров и Кузмановски поведоа со 1:2. По три израмнувања, Гоце Георгиевски од позиција на десно крило погоди за враќање на македонската предност.

Следеше одлична одбрана и благодарение на реализациите на Стоилов и Маџовски во 14. минута се одлепивме на +4. Пеливан со два гола ја прекина нашата позитивна серија, но Турција, како и во ноември во Битола мака мачеа да фатат ритам. Нашите крила Маџовски и Димитриески не реализираа зицери, но Ристовски се разбрани и лесно одржувавме 3-4 гола предност.

Турскиот голман Озмусул и Пеливан единствени парираа и беа најзаслужни што предноста не стана уште поголема. Во 24. минута Турците се доближија на 9:10 и Брестовац побара минута одмор. Целосно го загубивме ритамот и Пеливан со својот шести гол во 27. минута ја врати предноста (11:10). По вина на лошиот финипш на полувремето, Турција на одмор замина со +2.

На почетокот од вториот дел Митревски застана меѓу стативите наместо Ристовски. Нашата игра беше збркана, често грешевме, а видлива беше и нервозата. Лазаров со два гола, еден од игра и еден од седмерец, намали на 15:14 во 38. минута.

Играта во нападот целосно сопре, Македонија остана со еден гол во осум минути и со серија 3:0, Турците стигнаа до 19:15 и тајм-аут на Брестовац. Следеа брзо голови на Маџовски и Талевски за 19:17 на половина од вториот дел. Трпеливоста се исплатеше и Кузмановски од позиција на пивотмен израмни на 12 минути до крајот (21:21).

Талески погоди за прво наше водство во вториот дел, но Турците возвратија и финишот беше супер-драматичен. Лазаров и Талески постигнаа значајни голови за +2 на две минути до крајот. Се одбранивме, Митревски одбрани со звукот на сирената и извојувавме победа од 25:26.

Најефикасни во македонската репрезентација беа Лазаров со седум и Талески со пет гола, а кај Турција се истакна Пеливен со десет гола и голманот Озмусул со 16 интервенции.

В недела во 18:00 часот во Струмица ги завршуваме квалификациите со домашен натпревар против Грција.

Share