Лазаров предводник, Нант убедливо го надигра Трембле
Нант - Трембле 38:25 (20:12)
Европскиот вицешампион Нант им се врати на победите во домашниот шампионат. Екипата на Тјери Анти, предводена од нашиот Кирил Лазаров и неговите седум гола, убедливо го совлада Трембле со 38:25. Натпреварот воопшто не претставуваше проблем за екипата на Нант, предноста се зголемуваше и иако оставаа впечаток дека играат со половина од силите, домаќините впишаа лесна победа.
Лазаров имаше одлична средба и зад своето име имаше седум гола, со што беше втор стрелец, зад Николас Турнат со девет гола.
Сепак, Нант нема веќе шанси за вицешампионското место во Франција и директен пласман во Лигата на шампионите, но веројатно преку вајлда карта ќе се обиде да дојде до место во елитата.