hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Нант загуби во Монпелје, второто место уште подалечно

D7RxB5DXoAAAt4R

Монпелје - Нант 26:25 (12:12)

Ракометарите на Нант не зависат повеќе сами од себе за пласман на второто место на табелата во францускиот шампионат. По серијата на негативни резултати овој месец, екипата вицешампион на Европа го загуби и директниот дуел против Монпелје на гостински терен со 26:25 и игра само со теорија за пласман на второто место и учество во следната Лига на шампиони.

Дерби дуелот започна израмнето. Нашиот Кирил Лазаров беше главна фигура во првиот дел, погодуваше, асистираше и го одржуваше својот тим во живот. По 12:12 на крајот од првиот дел, Лазаров и Клер на Нант му донесоа предност од +1 неколку пати во централната фаза на второто полувреме. Се разбрани Бонефои и дуелот на голманите со Жерар беше битен детаљ во натпреварот.

Во последните седум минути Ниокас направи две избрзани грешки, Мелвин Ричардсон и искусниот Кавтичник знаеја тоа да го казнат и европскиот првак стигна до минимапна победа од 26:25. Кирил Лазаров мечот го заврши со четири гола, a во победничкиот тим Валентин Порте со пет погодоци беше најдобар стрелец. За издвојување беа двајцата одлични голмани Жерар и Бонефои.

Со оглед на распоредот и двата натпревари со последните две екипи на табелата, Монпелје е многу блиску до потврдувањето на вицешампионската титула. Со овој пораз тимот на Нант остана дури на четвртата позиција, па следната сезона ќе мора во Купот на ЕХФ.

Share