hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Неочекуван пораз на Нант од амбициозниот Аикс

lazarov so aiks

Нант - Аикс 28:29 (15:13)

Ракометарите на Нант сезоната ја завршуваат со негативна тенденција и пак се поразени во рамките на домашниот шампионат. Вечерва европскиот вицешампион претрпе пораз од Аикс со 28:29. Овој неуспех се надоврзува на оној против Ним пред една недела, со што Нант драстично ги доведе во прашање своите шанси за второто место на табелата во домашното првенство.

Кирил Лазаров натпреварот го заврши  со четири постигнати гола, а најдобар стрелец беше Валеро Ривера со седум гола. Кај Аикс најмногу се истакна Мине со пет гола.

Нант во наредното коло го чека клучниот дуел во шампионатот, кога гостува кај Монпелје, второпласираниот тим во лигата. И двата тима имаат по 35 бода, а победникот ќе направи голем чекор напред кон Лигата на шампионите.

Share