Изненадувачки пораз на Нант пред своите гледачи од Ним
Нант - Ним 33:36 (19:15)
Европскиот вицешампион Нант изненадувачки загуби на домашен терен од Ним и ги намали своите шанси за пласман на второто место во францускиот шампионат. Во рамките на 22. коло екипата на Тјери Анти не покажа конзистентност и претрпе болен пораз.
Гостинот од Ним започна подобро, но Нант израмни и пред одморот помина во водство. По турболентни 30 минути екипата на Лазаров на одмор замина со 19:15. Екипата Нант ја одржуваше предноста, но во последните минути со серија на несфатливи грешки ја загуби контролата и натпреварот.
При 31:31 тимот на Ним со серија од неколку неодговорени гола дојде до изненадувачка победа од 33:36.
Кирил Лазаров постигна три гола и имаше неколку убави асистенција на средбата. Најдобар стрелец кај Нант беше Лагард со шест гола, а кај Ним, Дупуј беше клучна фигура со шест гола.