hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров пак меѓу водечките стрелци во евро-квалификациите

kirestrelec

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров е нашиот најдобар стрелец со 30 гола на четири одиграни натпревари во квалификациите за Европското првенство 2020. Двапати против Исланд и по еднаш против Грција и Турција, десниот бек блескаше и ја потврди лидерската улога во националниот тим.

Заедно со германскиот репрезентативец Уве Гензхајмер и Валон Дедај, Лазаров е на делба на второто место на листата на стрелците.

На лидерската позиција е швајцарскиот бек Андре Шмид со 33 погодоци, но ако се земат предвид и претквалификациите најмногу голови во овој циклус постигна италијанскиот репрезенаттивец Деан Турковиќ со 44 гола.

Share