hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров: Исланд нема да нè потцени в недела во Скопје

160119 FOS mwol 0325 1440x600

Капитенот Кирил Лазаров беше презадоволен од изданието на Македонија во Рејкјавик и победата од 33:34. По средбата во микс-зоната тој зборуваше за цел овој период, а упати пофалби и за претходниот на Данило Брестовац, Раул Гонзалез.

„Многу сум задоволен од одиграниот натпревар. Игравме цврст меч, добар натпревар, со глава, во секој момент знаевме што правиме. Ќе бидам искрен и ќе кажам дека користевме работи и од нашиот поранешен селектор Раул Гонзалес. Но се разбира, сакам да му честитам и на Данило Брестовац, не сакам да му ја одземам нему оваа победа, но имавме ден, ден и пол за подготовка, па оваа Македонија е резултат на сите кои работеле со репрезентацијата. Во Скопје ќе ни биде тешко, Исланд можеби нè потцени, но тоа нема да биде случај и во недела. Но повторно се ќе зависи од нас, од нашите глави, знаеме какви сме и колку знаеме. Мора да одиграме професионално, посветено и само така ќе оствариме добар резултат", смета Лазаров.

Веќе в недела, во рамките на четвртото коло од квалификациите за пласман на Европското првенство, Македонија во „Борис Трајковски" ќе го пречека Исланд.

Share