hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Школата на Кирил Лазаров од Струга и КМГ Спорт домаќини на завршниот турнир

mediumi Final 4 - Struga 2019

Школата за ракомет на капитенот, КЛ7 Струга и агенцијата која ја води организацијата и реализацијата на школите на Кирил Лазаров низ Македонија, КМГ СПОРТ, се домаќини на овогодинешниот завршен турнир во ракомет за момчиња родени 2002 година и помлади

Овој викенд, поточно во сабота (06.04.2019 г) во најракометниот град во земјава, Струга, ќе се одржи завршницата во пионерското државно првенство, чии што регуларен дел заврши пред десетина дена во организација на Ракометната федерација на Македонија. Најдобрите четири екипи од регуларниот дел ќе разигруваат за титулата.

Четирите натпревари, двете полуфиналиња и натпреварите за трето и прво место, ќе се играат во спортската сала "Тими". На Ф4 ќе учествуваат 3 екипи од Скопје и тоа: РК "Алушовски" , РК "Металург" и РК "Шампион" како и организаторот на турнирот КЛ7 Струга. Со цел задоволување на стандардите за организација на ваков тип на настани и преставување во вистинско светло, домаќинот мобилизираше голем тим и со полна пареа се завршуваат последните подготовки околу организација на Ф4, со дополнителен мотив плус по освоеното трето место на КЛ7 Струга во младинска конкуренција изминатиот викенд.

Редоследот на натпреварите е следен :

10.30 - КЛ7 Струга - РК Алушовски
12.00 - РК Металург - РК Шампион

16.30 - Натпревар за трето место
18.00 - Финален натпревар

Церемонија на прогласување

Share