hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Нант ги елиминира „лавовите“ и обезбеди четврфтинале со Барса

nant rnl

Нант - Рајн Некар Левен 30:27 (14:14)

Нант втора година по ред ќе игра најмалку четвртфинале на Лигата на шампионите, што создава култ кон ова натпреварување на еден нов гигант на европскиот ракомет и екипата која максимално ја користи секоја шанса да се презентира на европска сцена. Процутот на екипата се поклопува со доаѓањето на Кирил Лазаров во клубот, ако се знае дека претходно Нант никогаш не играл на оваа сцена, а сега е рамо до рамо со Барса, ПСЖ, Рајн Некар Левен, Веспрем...

Вечерва во преполната сала во Нант, падна германскиот вицешампион Рајн Некар Левен, откако европскиот вицешампион славеше во возвратниот дуел со 30:27 (14:14) и го надополни поразот од 32:30 од првиот натпревар во Манхајм.

Лазаров се наоѓа на еден чекор до Келн и манифестацијата која е составен делод неговата кариера „фајнал-фор" на Лигата на шампионите. Судбината сакаше на патот до големата четворка да застане клубот од каде што дојде во Франција, големата Барселона.

Дуелот започна со игра гол за гол и Рајн Некар прв се одлепи и поведе со 3:7. Сепак, предводени од Ривера, домаќините се стабилизираа и на крајот од првиот дел израмнија на 14:14. По израмнетиот почеток на вториот дел, домашните ракометари поведоа со 21:18, па и 24:20 пред Јакобсен да побара тајм-аут.

Липовина постоигна важен гол за 26:25 на осум минути до крајот. Во драматична завршница во која секој напад беше злато вреден, Лагард на неколку секунди пред крајот погоди за 30:27 и пласман на Нант во четвртфиналето.

Ривера и Лагард со по осум голови беа најефикасни кај Нант, додека Лазаров даде два погодоци. Кај гостите се истакнаа Колбахер, Шмид и Липовина со по пет гола. Нашиот репрезентативец Филип Талески не постигна гол.

Share