hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Моќниот Нант во вториот дел го „збриша“ Сесон Рен

D2sOOtNX0AAv2Mb

Сесон Рен – Нант 23:34 (16:17)

Ракометарите на Нант ја продолжија серијата на победи во домашниот шампионат и во рамките на 19. коло славеа на теренот на Сесон Рен со 23:34 (16:17).

Домаќините одлично започнаа и со два гола на Фалувеги екипата на Рен прва поведе. Следеше гол на Лазаров и две реализации на пивотменот Турна за 8:7 на половина од првиот дел. Настапи игра гол за гол, но Вилеминот постигна два неодговорени гола за 11:9 во 20. минута. Сепак, цврстата одбрана на Нант ја направи разликата и со три гола на Ривера во финишот, гостите на одмор заминаа со 16:17. Со само три одбрани на голманите, Нант на одмор обезбеди предност.

Гостите одлично го отворија вториот дел и со головите на Шпанците Гурбиндо и Белегер поведоа со 16:20. Играта на Сесон Рен се распадна, Турна постигна серија на голови и веќе беше 17:25 во 45. минута. Сиферт се разбрани и на 12 минути до крајот Нант првпат дојде до +10.

Искусниот европски вицешампион лесно го приведе натпреварот кон крај и славеше со 23:34.

Најефикасни во тимот на Нант беа Турна со седум, Белегер со шест и Ривера со пет гола, а нашиот Лазаров постигна еден гол. Кај домашната екипа од Рен се истакнаа Акевило со шест и Вилеминот со пет погодоци. Лидерот ПСЖ го совлада Истр со 44:29 и остана лидер. Европскиот првак Монпелје едвај победи во Данкерк со 22:23.

В сабота во Нант гостува Рајн Некар Левен во возвратниот дуел од осминафиналето на Лигата на шампионите. На првиот натпревар во Германија, екипата на Лазаров загуби со два гола разлика.

Share