hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Шамбери поумешен од Нант во четвртфиналето на Купот на Франција

kire shamberi

Шамбери - Нант 36:32 (20:15)

Екипата Нант загуби во четвртфиналето на Купот на Франција од Шамбери со 36:32 и елиминирана е од понатамошните борби вo ова натпреварување во кое традиционално игра значајна улога.

По првиот дел домашниот тим поведе со пет голови разлика, 20:15 и таа разлика постојано ги прогонуваше ракометарите на Тјери Анти. Нант се врати, намали на -1 во финишот, но на крилата на домашните фанови, Шамбери прокнижи значаен триумф и им се реваншираше на ракометарите на европскиот вицешампион за поразот во шампионатот пред неполн месец.

Лазаров во поразот на Нант постигна еден погодок. Шпанското крило Валеро Ривера со десет гола беше најефикасен кај поразениот гостински тим, а Бабарскас со седум и Мелиќ и Трита со по шест погодоци беа највпечатливи кај домаќините.

Место на завршниот турнир обезбедија Данкерк по победата над Екс со 26:23 и второлигашот Нанси, кој го победи Саран со 33:29.

Share