hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров: Приоритет ни е обезбедување одлични услови за тренинг

kire kamp

Петтото издание на ракометниот камп „Кирил Лазаров 7" ги урна рекордите во однос на брзината со која се потполни бројот на учесниците. За само 5 дена капацитетот на кампот од предвидени 350 деца во две смени ја достигна конечната бројка. Голем број на заинтереcирани деца кои само некој ден подоцна од денот на објавувањето на пријавувањето (5 февруари) испратија пријава беа ставени на листа на чекање во случај некое дете од пријавените да се откаже од оправдани причини.

Заради огромниот интерес за учество на кампот, капитенот Лазаров успеа во координација со менаџментот на хотел "Аквалина" да обезбеди проширување на инфраструктурата со што се создадоа услови за зголемување на бројот на учесници. Со изградбата на уште едно игралиште бројката на учесници на 5-тиот јубилеен камп на капитенот ќе биде преку 400.

„Благодарност до нашите домаќини хотел "Аквалина" што имаа слух и воља да го направат овој чекор. Најважно од се , наш приоритет како и секоја година е за децата да се обезбедат одлични услови за тренинг.Тоа подразбира квалитетна инфраструктура и квалитетен стручен тим. Во моментов работиме на формирање на истиот. Тоа ќе бидат тренери кои ќе работат максимално посветено и професионално со децата кои доаѓаат на кампот да научат нешто повеќе за ракометот, работи кои ќе ги применуваат и кога ќе се вратат дома", изјави капитенот Лазаров.

Со зголемување на капацитетот на учесници, својствено ќе се зголеми и бројот на групите по кои ќе бидат поделени по возраст, пол и ракометни вештини. Со тоа ќе се зголеми и бројот на тренерите кои ќе работат со децата. Терените пред хотелот „Аквалина" се со подлоги од акрилна гума која е специјална подлога за надворешни услови и Gerflor подлога кој се користи за одигрување на европски и светски натпреварувања.

Кампот започнува на 19 јуни а завршува на 1 јули. 24-часовното присуство и тренинзи со капитенот се најсилната причина заради која и оваа година ќе имаме учесници од многу европски држави.

Share