hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Нант испушти победа и со бод се враќа од Флензбург

D0b547aUwAEP1fa

Флензбург – Нант 29:29 (17:17)

Откако пред своите гледачи загубија од Флензбург, ракометарите на Нант испуштија победа на гостувањето во Германија, откако прими гол во последната секунда и наместо два, носи само бод.

Првите 30 минути беа целосно израмнети. Двете екипи се менуваа во водството, а ниту една предсност не беше превисока. Резултатот од 17:17 најави голема драма во вториот дел. Во продолжението Нант се одлепи, замина на +3 и предноста изгледаше недостижно.

Сепак, домашните ракометари надополнија -3 и со голот на Хампус Ване од пенал со звукот на сирената стигнаа до 29:29. Флензбург групата ја завршува како трет, а Нант останува на четвртото место.

Ване и Рог со по пет гола беа најефикасни кај германскиот првак, а Јенсен натпреварот го заврши со четири гола. Ривера беше прв стрелец кај гостите со пет погодоци, а по четири имаа Лазаров, Клер и Балагер.

Share