hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Совладан ПИК Сегед, Нант скокна до третото место

lazarov so pik seged

Нант – ПИК Сегед 29:26 (13:11)

Нант запиша значајна домашна победа против второпласираниот во групата ПИК Сегед со 29:26 (13:11) и ќе преноќи на третото место на табелата во групата Б.

Гостите подобро го отворија натпреварот и Бомбач и Житников донесоа 2:4 по неполни десет минути. Брзо реагираше домаќинот и со три гола на Ривера израмни на 6:6. Европскиот вицешампион влезе во ритам и на крајот од првиот дел поведе со 12:10. Со подобар финиш Нант замина на полувреме со предност од 13:11.

Лазаров погоди на почетокот од вториот дел, серија на голови постигна Ривера и домаќините побегнаа на +4. Шоштариќ и Бомбач возвратија и Унгарците намалија на 23:21. На секој обид на момците на Пастор да се доближат одговараа најискусните домашни ракометари. Во 49. минута Лазаров со својот втор гол зголеми на 25:21. ПИК Сегед немаше повеќе сили и Французите прокнижија значајни домашни бодови со финален резултат од 29:26.

Најефикасни во тимот на Нант беа Ривера со осум и Турна со шест гола. Кирил Лазаров постигна два погодоци. Кај ПИК Сегед најмногу голови постигнаа Сигурмансон, пет и Шоштариќ, четири гола. Со оваа победа Нант го прескокна Флензбург на третото место, а Германците утре ќе го одиграат својот натпревар против ППД Загреб во Хрватска.

Share