hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Кирил Лазаров е најдобар македонски спортист во странство за 2018 година

kire2-19

Каратистот Емил Павлов и ракометарката Сара Ристовска се најдобрите спортисти на Македонија во машка и женска конкуренција. Машката и женската ракометна селекција на Македонија се прогласени за најуспешни тимови од страна на Агенцијата, а нашиот репрезентативен капитен Кирил Лазаров е прогласен за најдобар македонски спортист во странство.

„Ни претстојат многу предизвици во следната година, размислуваме позитивно, стоиме цврсто на земја и се надеваме дека ќе бидеме подобри во 2019-та во однос на претходната", изјави Лазаров.

Ддобитници на наградите за Спортисти на годината:

  •   Спортист на годината: Емил Павлов (карате)

  •   Спортистка на годината: Сара Ристовска (ракомет)

  •   Спортист на годината кој настапува во странство: Кирил Лазаров (ракомет)

  •   Најуспешна федерација: Карате федерација на Македонија

  •   Најуспешен тренер: Сашко Арсовски (карате)

  •   Најуспешна машка репрезентација: Ракометна репрезентација на Македонија

  •   Најуспешна женска репрезентација: Ракометна репрезентација на Македонија

  •   Најуспешен спортист со инвалидитет: Оливера Наковска-Бикова (стрелаштво)

  •   Најдобар млад спортист: Фахик Весели (карате)

  •   Најдобра млада спортистка: Анамарија Георгиевска (таеквондо)

  •   Најуспешен клуб Универзитети: Мал фудбал УКИМ

  •   Најуспешен клуб средни училишта: „8 Септември" – Тетово

  •   Најуспешен клуб основни училишта: „Теферич" – Чаир

Share