hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров меѓу десетте најдобри ракометари за 2018

kire top 10

Македонскиот ракометен великан Кире Лазаров повторно се најде во најтесниот избор на ЕХФ за ракометар на година.

Искусниот десен бек зад себе остави неверојатна 2018 година, во која одигра фантастични натпревари за Македонија во првата групна фаза на Европското првенство во Хрватска, додека на клупски план, својот Нант го одведе во финалето на Лигата на шампионите, кое го загуби од Монпелје.

Благодарение на овие успеси и игри, Европската куќа на ракометот повторно го смести нашиот „бомбардер" меѓу најдобрите десетмина за оваа година. Покрај Лазаров, место во овој избор имаше и за поранешните вардарци Штербик и Алекс Душебаев, па потоа следуваат Недим Ремили, Сандер Сагосен, Сирил Думулан, Винсен Жерар, Диего Симоне, Анди Шмид и Бјарте Мирхол.

Share