hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ПСЖ го елиминира Нант од Лига Купот во драматично четвртфинале

kiro i omejer

ПСЖ - Нант 34:30 (18:19)

ПСЖ е патник во полуфиналето на Лига Купот на Франција, откако со пресврт го совлада Нант со 34:30. Иако гостите во еден период од првиот дел водеа со +7, сепак „светците" полека ја топеа предноста и стигнаа до победа од +4. Екипата на нашиот Кирил Лазаров одлично го почна натпреварот, играше течно и само ја зголемуваше разликата.

Во 20. минута Нант поведе со 10:17 и се чинеше дека ПСЖ е надигран како никогаш сезонава. Но, екипата на Раул полека ја топеше дистанцата и предводена од Сагосен на одмор замина со само еден гол заостанување.

За пет минути игра во второто полувреме, домаќините веќе беа во предност со 21-20, но Лазаров погоди во клучен момент во мрежата на Коралес за 26:27 во 50. минута. Сепак шпанскиот голман врза три одбрани во финишот и ПСЖ го доби дуелот со 34:30.

Прв стрелец во тимот на ПСЖ беше Сагосен со девет погодоци, а тимот на Нант го предводеше Ниокас со шест погодоци. Нашиот репрезентативен капитен, Кирил Лазаров, мечот го заврши со два погодоци.

ПСЖ во полуфиналето ќе се сретне Монпелје, додека Иври и Сант Рафаел го сочинуваат вториот пар.

Share